Економија, финансии, бизнис

Контакт

УБИСТВО ВО ОХРИД: Полицијата уапси маж од Брвеница

УБИСТВО ВО ОХРИД: Полицијата уапси маж од Брвеница

Полицијата го расчисти денешното убиство во Охрид, при што е уапсен осомничениот за стореното кривично дело.

Како што информираат од полицијата, денеска во 17:20 часот во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, постапувајќи по претходно распишана централна потерница од СВР Охрид, го привеле Ж.Г. (53), кој се сомничи за кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.

Во СВР Охрид денеска во 8:24 часот е пријавено дека во семејниот дом на улицата „Нада Филева“ во Охрид, без знаци на живот е пронајден 76-годишниот охриѓанец К.М.

На местото на настанот јавен обвинител и полициски екипи извршиле увид, додека лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По наредба на обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

По целосно расчистување на случајот против Ж.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слично

Поврзани вести