Економија, финансии, бизнис

Контакт

Убиство во болницата во Бардовци

Убиство во болницата во Бардовци

Осуденик за убиство со шише отепал осуденик за семејно насилство во психијатриската болница во скопски Бардовци, извести МВР.

„На 05.08.2025 во 01:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје “ во Бардовци, во соба на судскиот оддел, настанала физичка пресметка помеѓу осудениците Д.С.(35) од Неготино и И.Т.(62) од с.Љубанци, скопско. Притоа, од ударите со стаклено шише И.Т. паднал во бесознание, по што бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што во 02.20 часот починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Д.С. е задржан во собата каде се случил настанот“, објавено е во денешниот полициски билтен.

Имено, Д.С. е осудено лице за сторено кривично дело „убиство“, додека И.Т. бил осуден за кривично дело „семејно насилство“. 


Слично

Поврзани вести