Убиство во Арачиново: Маж ја усмрти сопругата
Маж ја убил сопствената жена вчера во Арачиново, соопшти полицијата. Во Полициското одделение Арачиново вчера во 12.45 часот било пријавено дека во село Арачиново, во семејниот дом, четириесетгодишниот А.Н. ја усмртил својата сопруга Б.Н. која имала 36 години. По убиството мажот ја напуштил куќата.
„По преземени мерки и активности од полициски службеници од СВР Скопје, А.Н. бил пронајден и лишен од слобода во полициска станица, а кај него бил пронајден и пиштол. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок, соопштуваат од полицијата.
Слично
