Економија, финансии, бизнис

Контакт

Убиство ја потресе Македонија: Битолчанец си ја убил 31-годишната сопруга

Убиство ја потресе Македонија: Битолчанец си ја убил 31-годишната сопруга

Млада битолчанка е убиена утрово во сопственот дом. Убиството се случило утрово околу 07 часот во битолската населба Баир, на улицата „5-та“, при што животот го загубила 31-годишна жена.  

Според првичните и неофицијални информации, станува збор за тежок случај на семејно насилство. Трагедијата се случила по претходна расправија меѓу сопружниците, во која мажот ја нападнал својата сопруга.  

Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот, од каде информираат дека осомничениот е лишен од слобода од страна на полицијата и спроведен во станица. 

- Денеска (14.05.2026), полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Р.(33) од Битола, соопшти МВР.

Тој се сомничи дека утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава - се посочува во нивната објава.

На местото на настанот увид вршат надлежните јавни обвинители и полициски екипи кои треба да ги обезбедат сите траги. 

Повеќе детали за мотивите и точните околности под кои се случило убиството се очекуваат по завршувањето на официјалната истрага.

Слично

Поврзани вести