УБИСТВО ИЛИ СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА СО СМРТНИ ПОСЛЕДИЦИ: Каква завршница ќе добие случајот со смртта на малиот Алмир?
Убиство или сообраќајна несреќа со смртни последици? Утре Јавното обвинителство ќе го даде одговорот на ова прашање. На утрешното рочиште ќе се знае дали обвинетиот за смртта на малиот Алмир ќе одговора за убиство или сообраќајна несреќа со смртни последици.
Дали ќе биде побарана преквалификација на кривичното дело ќе се знае утре, за кога е закажано рочиште за заврши зборови.
На денешниот брифинг со новинарите обвинителката која го води преметот, ги негираше обвинувањата за селективна правда по етничка основа и рече дека целиот предмет од самиот почеток во јуни 2016-та па се до денес, е работен според законските прописи. Поради интересот на јавноста, предметот бил побаран и разгледан и од страна на вишите јавни обвинители.
Пред утрешното рочиште, група граѓани попладнево повторно побараа правда за малиот Алмир.
