Убиство и самоубиство во скопско Волково
Кираџија со неколку истрели денеска изутрина го убил сопственикот на куќата во која живеел во скопско Волково, а потоа сам си го одзел животот, дознава Плусинфо. Според информации пак на други медиуми, потстанарот се бори за живот во болница.
Во очај и паника, убиецот се забарикадирал во една од собите, не дозволувајќи ѝ на полицијата да пристапи. По извесно време, со последен истрел ставил точка и на сопствениот живот.
Потстанарот со неколку истрели го убил сопственикот на куќата во која живеел, а го повредил и малолетниот син на сопственикот.На местото на случајот има полиција која го обезбедува местото и Брза помош.
Слично
