Економија, финансии, бизнис

Контакт

УБИЈТЕ ГО ГЛАСНИКОТ- ЗНАЧИ, ВИ ВЕЛАМ ЛУЃЕ, СОСТОЈБАТА Е КРАЈНО СЕРИОЗНА: Пановски за обвинувањата на градските власти

УБИЈТЕ ГО ГЛАСНИКОТ- ЗНАЧИ, ВИ ВЕЛАМ ЛУЃЕ, СОСТОЈБАТА Е КРАЈНО СЕРИОЗНА: Пановски за обвинувањата на градските власти

Откако д-р Никола Пановски на својот фејсбук профил објави дека во делот на кејот на реката Вардар околу градскиот парк недостасуваат 29 клупи, а градот му реплицираше, тој повторно се огласи.

„ Убијте го гласникот!

Се огласи Градот Скопје. Не знам која е таа институција!!! Ако тужиш, да го тужиш градот!!! Реагираат на моите две објави на фејсбук, дека 9 месеци нема советнички орашања и за недавање информации за исчезнати 29 клупи.

Накратко, во текст полн со навреди, во препознатлив стил на Данела, влегов во тимот омаловажени професори од УКИМ, пишува дека моето однесување е срамно за професор и доктор, со објавување на потовитр, па дека ништо не работам и ме интересира само паушалот.

Сепак има неколку информации за клупите, важни за јавноста, а тоа се:

1. Клупите се украдени

2. Пријавено е во МВР

3. Јас сум требало во МВР да се информирам

4. Информацијата требало да оди по партиска линија, ЛДП имала таму помошник министер!!

5. Ако не сум го прашал него, ќе се потврделе основаните сомнежи дека јас сум учествувал во кражбата на клупите, пред се затоа што сум бил многу информиран како се поставени.

Значи, ви велам, луѓе, состојбава е крајно сериозна“, напиша тој.



Слично

Поврзани вести