Економија, финансии, бизнис

Контакт

УБИЈЦИТЕ ОСТАВИЛЕ МНОГУ ТРАГИ, ТРЕБАЛО ДА ИМ СТАНЕ ЈАСНО ДЕКА ЌЕ БИДАТ ОТКРИЕНИ - професорката Николоска вели дека овие се далеку од професионалци

УБИЈЦИТЕ ОСТАВИЛЕ МНОГУ ТРАГИ, ТРЕБАЛО ДА ИМ СТАНЕ ЈАСНО ДЕКА ЌЕ БИДАТ ОТКРИЕНИ - професорката Николоска вели дека овие се далеку од професионалци

Професорката од Факултетот за безбедност, Светлана Николоска во „Клик Плус“ на ТВ21 зборувајќи за последните убиства на Вања и на Панче, кажа дека Вања е таргетирана жртва, и дека обдукцијата ќе го даде одговорот дали и како е убиена, и дали при нејзиното киднапирање е употребена сила, или некој спреј за да се онесвести.

„Вања е таргетирана жртва, но прашањето е што планирале со неа, и дали го сториле тоа што го планирале? Дали при киднапирањето е употребена сила, дали се нанесени повреди, каде се нанесени, дали се врзани рацете, дали е удирана по лицето, дали има модринки, скршеници. Клучното е тука и тоа ќе го даде обдукцијата. Тоа е траума и за семејството ако се запрепастувачки, како ќе го преболат тоа нејзината мајка и сестра. Тука се тие секундарни жртви“, вели Николоска.

„За јавнота да се смири, мора да и се дадат одговорите“, изјави Николоска.

Професорката од факултетот за безбедност кажа дека е нејасно зошто осомничените се решиле на ваков чекор, кога станува збор за непрофесионални во таа област и што мислеле кога прават ваков грозоморен чин.

„Кај нас нема смртна казна за вакви дела, туку доживотен затвор. Убијците многу траги оставиле. Некогаш и професионалци убијци оставаат траги, а овие се далку од професионалци. Требало да им стане јасно дека ќе бидат откриени, дека оставиле многу траги“, изјви Николоска.

Слично

Поврзани вести