Економија, финансии, бизнис

Контакт

Убиениот Оки во Халкидики бил близок со ликвидираниот Жила

Убиениот Оки во Халкидики бил близок со ликвидираниот Жила

Орхан Бајрами – Оки, ликвидиран утрово во Ханиоти, Халкидики, во раните утрински часови во неговиот апартман, е неформален лидер на групата „Дуќанџик“ кој е познат на македонската полиција.

Јетон Кривањева – Жила, кој на сличен начин беше ликвидиран во Шиша бар во Старата скопска чаршија, бил близок пријател на Оки. Жила, исто како и Оки, важеше за еден од главните водичи на „Дуќанџик“.

Групата чиј неформален водич беше Орхан Бајрами – Оки, се поврзуваше и со пукањето во хотелот „Александар Палас“. Додека членови на „Дуќанџик“ седеа внатре, непознати напаѓачи пукаа кон хотелот.

Грчките медиуми за 39-годишен Оки известуваат дека е сопственик на казино и фабрика за пијалоци во Македонија и дека е застрелан од непознати лица на Халкидики со над 20 куршуми.

Негиовиот пријател Сеад Слезовиќ исто така е застрелан на Халкидики, но тој е тешко повреден и се бори за живот.



Слично

Поврзани вести