Економија, финансии, бизнис

Контакт

Убиен средовечен маж во крушевско Алдaнци

Убиен средовечен маж во крушевско Алдaнци

М.П. жител на крушевското село Алдaнци на возраст од 52 години е пронајден мртов пред семејната куќа, соопшти полицијата според која се работи за убиство.

Случајот е пријавен вчера околу 18.50 часот во полициската станица во Крушево. Полицајците кои излегле на терен го пронашле безживотното тело на М.П. со повреди на главата.

За настанот известен е ЈО од ОЈО-Прилеп кој изврши увид на местото на настанот со увидна екипа од Надворешна канцеларија за криминалистички работи Крушево. 

Полицијата веќе има осомничен за убиството, тој е приведен и се преземаат мерки за расветлување на случајот. 


Слично

Поврзани вести