Убиен скопјанец - удрен со тап предмет во главата
Вчера околу 14.25 часот од Итната медицинска помош во Скопје, било пријавено дека при нивна интервенција на улица „Призренска“ кај домот за стари лица имало паднато лице.
Станува збор за лицето Д.И. (50), вработен во фирма лоцирана на улица „Призренска“, каде е и пронајден мртов.
По кажување на доктор од Брзата помош смртта настапила како последица од удар со тврд предмет во пределот на главата.
По наредба на Јавното Обвинителство телотое предадено за обдукција.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Слично
