Економија, финансии, бизнис

Контакт

Убиен е градоначалникот на Боговиње

Убиен е градоначалникот на Боговиње

Градоначалникот на општина Боговиње, Хазби Идриз, е убиен при вербална расправија, помеѓу него и поранешен вработен во Општината, која завршила со пукање. 

Убиството го извршил А.Ќ. (1964) од село Боговиње, кој по настанот се обидел да се самоубие, испукувајќи еден куршум од огнено оружје во пределот на десната слепоочница. Тој е префрлен на скопските клиники. 

Од болницата во Тетово велат дека градоначалникот им подлегнал на повредите, а уште едно лице се бори за живот. Се работи на расчистување на случајот. 

Детали се очекуваат во текот на денот. 

Слично

Поврзани вести