Убиен човек кај Мавровка
По синоќешното пукање во Синѓелиќ, денеска кај трговскиот центар Мавровка било пукано врз друго лице кое им подлегнало на повредите.
На терен во моментов се голем број на полициски екипи и амбулантно возило, а местото е оградено со полициска лента, а се очекува официјално соопштение од Министерството за внатрешни работи
Инаку вчера едно лице со повреди е донесено во Градската општа болница. Пукано било во возило во движење во кое имало две лица.
Од МВР засега се огласија само по повод инцидентот синоќа во близина на скопската населба Ченто, каде што било пукано во возило со австриски регистарски ознаки, при што едно лице било пренесено во болница.
Слично
