Економија, финансии, бизнис

Контакт

Убиецот пукал и кон синот на Бојку

Убиецот пукал и кон синот на Бојку

Според информации на МВР убиецот на Дилавер Бојку при бегството од преполната плажа пукал и кон неговиот син, но тој не му бил главна мета.

Пред очите на преполната плажа и неговиот син, Дилавер Бојку Леку вчера беше убиен на Аква Блу во Струга, среде бел ден во 17 часот и 45 минути. Засега непознат напаѓач испукал куршум од огнено оружје кој го погодил Д.Б. во пределот на главата, по што почнал да бега, но синот на Д.Б. со уште едно лице се стрчале кон напаѓачот во обид да го фатат. Како што информира МВР, напаѓачот испукал неколку куршуми и кон нив и избегал.

Повредениот, велат од полицијата, бил пренесен во струшката болница, каде по кратко време починал. Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а телото на починатиот по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукција. 

Во јавноста веќе се шират гласини дека се работи за крвна одмазда. Сведоци на крвавиот инцидентот кој се случи сред бел ден биле бројните капачи.


Слично

Поврзани вести