Економија, финансии, бизнис

Контакт

УБИЕЦОТ НА ЗЛАТАРОТ ВАСИЛ ЕФТИМОВ ПРИЗНА ВИНА: Tврди дека бил под дејство на дрога

УБИЕЦОТ НА ЗЛАТАРОТ ВАСИЛ ЕФТИМОВ ПРИЗНА ВИНА: Tврди дека бил под дејство на дрога

Елвин Куртовиќ призна вина за убиството на 59 годишниот златар Васил Ефтимов, кое се случи во август лани среде бел ден кај трговски центар Мавровка во Скопје. Кажа дека не се чувствува добро. 

„Многу се каам за кривичното дело. Не сакав да го убијам човекот. Се случи несреќа. Бев под дејство на дроги неколку денови, навистина. Пред тоа лежев за некакви ситни дела во споредба со ова што сега одговарам. Многу ми е жал“, изјави Куртовиќ. 

Тој сега се соочува со минимална казна затвор од 10 години и максимална доживотен затвор. Неговата адвокатка побара најблага санкција,  бидејќи тој не можел правилно да расудува наоѓајќи се под дејство на дрога. 

Куртовиќ во време на убиството бил затвореник во Идризово пуштен на викенд и не се вратил во дадениот рок. 

Слично

Поврзани вести