ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

УБИЕЦОТ НА ВОЈНИКОТ ВО БАТИНЦИ ИЗБЕГАЛ: Се бара со потерница, а ова не му е прво убиство

УБИЕЦОТ НА ВОЈНИКОТ ВО БАТИНЦИ ИЗБЕГАЛ: Се бара со потерница, а ова не му е прво убиство

Убиецот на војникот на АРМ во Батинци, Муса Џавит, според информациите што ги објави  ТВ 24, најверојатно побегнал.

Од МВР за ТВ 24 информирале дека тој веќе една година се бара со меѓународна потерница за друго убиство, а органите на прогонот со колегите од другите земји по второто убиство интензивно трагаат по бегалецот.

„Нашите органи соработуваат и се во постојана комуникација со органите на прогонот на сите земји каде постои индиција дека бегалецот може да се крие, изјавиле од МВР.

Џавит има дебело криминално досие. За една година застрелал две лица. Едното го застрелал лани, другото неодамна во Батинци, кога пукаше во офицер на АРМ пред неговата ќерка. Според информациите, неговата ќерка не сакала да се омажи за него. Девојката додека била со татко и добила телефонски повик од него, по што тој почнал да и се заканува. Потоа се појавил пред нив, испукал два куршуми и избегал надвор од земјава.

Ланското убиство Џавит го извршил само еден месец откако излегол од затвор каде отслужувал казна за нелегално поседување оружје. Убиството кое тогаш го извршил било едно од седумте убиства нарачани од кланот Беланоца, пишува телевизијата.


ad
Слично

Поврзани вести