Убиецот на припадникот на АРМ е во бегство
Убиецот на припадникот на АРМ е во бегство, соопшти Јавното обвинителство.
„За настанот од Батинци, дежурен јавен обвинител изврши увид на лице место и издаде наредби и насоки за прибирање докази. Сторителот е идентификуван, но е во бегство и по него се трага“, велат од ОЈО.
Претходно, од Градската болница соопштија дека Агим Мухареми од Батинци, припадник на Армијата бил однесен таму со две рани во пределот на градниот кош.
„Денеска, околу 10:55 часот, во болницата е донесено машко лице, на возраст од 49 години, со две рани во пределот на градниот кош. Веднаш беа преземени мерки за реанимација, но беше констатирано дека тој е веќе починат“, изјавија од Градската болница.
Според соопштението на Министерството за одбрана, тој за време на трагичниот настан не бил на служба во Армијата, имал слободен ден.
