Економија, финансии, бизнис

Контакт

УБИЕЦОТ НА ЕМИЛИЈА ПЕШЕВА ОД ШТИП ГО ПРИЗНА ДЕЛОТО - пресудата ќе биде објавена во среда

УБИЕЦОТ НА ЕМИЛИЈА ПЕШЕВА ОД ШТИП ГО ПРИЗНА ДЕЛОТО - пресудата ќе биде објавена во среда

Обвинетиот за убиство на 29-годишната Емилија Пешева, Фадил Зејнелов призна вина. Пресудата во Основниот суд Штип ќе биде објавена в среда, на 12 февруари. Зејнелов денеска прес Судот ја призна вината, а мотивот за извршеното убиство на 1 ноември минатата година рече дека е неверство. 

Кратко по почетокот на судењето за убиството нa 29-годишната Емилија Пешева од Штип, обвининетиот Фадил Зејнелов го призна делото.

На прашањето на судечкиот судија Сашко Ѓоргиев дали се чувствува виновен, Зејнелов одговори потврдно и го призна делото.

Таткото на убиената Емилија во изјава за медиуми пак посочи дека „убиецот ја користеше, јадејќи и ги парите во казиното“.

- Обвинителство убаво кажа, максималната да биде доживотно сега судот како суд да го прифати тоа. Ние ќе се бориме доживотно да биде осудено лицето, монструмот што ни ја утепа ќерката. Сега рацете се во судот. Убиецот може да се кае, нека му утепаат некој на него па нека се кае. Убиецот ја користеше, јадејќи и ги парите во казиното - изјави таткото на убиената Емилија.

Мајката на убиената Емилија во изјава за медиуми потврди дека Емилија долго време била жртва на семејно насилство.

- Он признава, се кае. Со тоа он мисли да добие од 10 до 15 години, така он си мисли. Поради неверство не е, он се закани дека ќе ја утепа. На сите се закануваше, имаме докази. Ако треба ќе дојдат и сведоци. Имаше плус и друга девојка, ги оставаше другите девојки да ја тепаат. Нека суди судијата, јас сакам доживотно е после јас пак ќе си трчам, пак ќе си тужам. Тие едни со него што просат му беа девојки она ги гледаше и после ја тепаа. Она беше болна од епилепсија и она зимаше нега и детски додаток, школарина, и ги коцкаше сите пари од негата ќе ја истепаше и ние го пријавуваме, а никој ништо не превзема. Кога ќе стане ќерка ми од гробот, тогаш нека искочи и тој од затвор, спрема мене така нека го осуди судијата - вели мајката на убиената Емилија од Штип.

Зејнелов на 1 ноември 2024 ја уби Пешева, со која бил во повеќегодишна врска и имаат дете. Обвинет за убиство со умисла додека вршел семејно насилство.

Според истрагата откако се договориле и се сретнале пред нејзиниот дом, заедно отишле близу домот на Емилија, во напуштен објект на Јавното претпријатие „Исар“ за да разговараат. Набргу разговорот преминал во расправија, по што обвинетиот физички ја нападнал жртвата и започнал да ја удира со тупаници. Кога таа паднала на подот, тој почнал силно да ја стега во пределот на вратот, при што  дошло до прекин на дишењето и нарушување на дотокот на крв во мозокот, како резултат на што жената починала. Кога се уверил дека не дава знаци на живот, тој го напуштил местото и сам се пријавил во Полициска станица-Штип.

Емилија и претходно го пријавувала Зејнелов за семејно насилство. Последен пат го пријавила два месеци пред убиството, но ја повлекла пријавата.

Слично

Поврзани вести