УБИЕЦОТ ГО НАЈАВИЛ ЗЛОСТОРСТВОТО НА ФЕЈСБУК: Двојно убиство и самоубиство се случило во Прилеп?
Двојно убиство и самоубиство се случило во ноќеска Прилеп, пренесуваат повеќето медиуми. Според неофицијални информации, драмата се одвивала за време на семејна веселба.
Три лица се мртви, меѓу кои и малолетно дете. Убиецот, кој е вујко на убиениот возрасен човек се самоубил по настанот, а дека планира да направи нешто објавил и на Фејсбук.
Настанот започнал околу 15 часот, а припадници на специјалните единици пристигнале на местото на настанот околу полноќ. Полицијата пробала да влезе во просторот каде се држени заложниците, но напаѓачот бил тешко наоружан, пукал кон полицијата и држел бомба.
Слично
