Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Убедливо водиме во Струмица“: Ѓорчев со објава на Фејсбук - дали СДСМ по 20 години ја губи општината?

„Убедливо водиме во Струмица“: Ѓорчев со објава на Фејсбук - дали СДСМ по 20 години ја губи општината?

Политичарот и долгогодишен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев на социјалните мрежи објави дека после долги години владејачката партија има повеќе гласови во Струмица, град кој важеше за столб на СДСМ. 
- Убедливо водиме во Струмица!!  Споделете. Нека горат телефоните!!

Петар Јанков ВМРО 9.347  Марјан Даскаловски СДСМ 5.892


Ако се остварат очекувањата на ВМРО и нивниот кандидат Петар Јанков стане градоначалник на Струмица, ова ќе биде голема промена за градот. 

Оваа општина е под водство на СДСМ од изборите во 2005 година кога локалната власт ја презедоа социјалдемократите. 

Податоците од штабот на ВМРО ДПМНЕ покажуваат речиси двојно водство на нивниот фаворит пред противкандидатот од СДСМ.

Довчерашниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов од СДСМ пред почетокот на изборната кампања се надеваше дека ќе добие шанса за нов мандат, но не успеа да обезбеди поддршка од партиската база која застана зад Марјан Даскаловски.
Последен градоначалник на Струмица од редовите на ВМРО ДПМНЕ беше Кирил Јанев кој ја извршуваше функцијата од 2000 до 2005 година. 
Оттогаш до 2016 година на чело на Струмица беше Зоран Заев. Откако ја презеде премиерската позиција дојде и до промена на постот, па наредните четири години со градот под Беласица раководеше социјалдемократот Коста Јаневски. Од 2021 година досега прв човек на Струмица беше Костадинов.

Слично

Поврзани вести