Економија, финансии, бизнис

Контакт

УБАВА ВЕСТ ОД СКОПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК: Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток, забрзано ќе се гради

УБАВА ВЕСТ ОД СКОПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК: Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток, забрзано ќе се гради

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера попладне, на социјалните мрежи објави добри вести за скопјани, поврзани со клучката кај Момин Поток, која со години го блокираше тој дел од градот.
„Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток, изградбата продолжува со забрзано темпо

По неколкумесечен застој, повторно се работи на една од најстратегиските сообраќајни точки во Скопје, место каде што се спојуваат неколку клучни градски правци.

Во тек е изградбата на атмосферска канализација Ф1200 на булевар „Никола Карев“ во должина од 550 метри, од мостот на Серава до булевар „Словенија“.

Паралелно, се гради и новиот мост на Серава на истиот булевар, кој ќе премостува три ленти во еден правец и четири во друг, со вкупна ширина од 44 метри.

 Се подготвува и натпатникот на булевар „8 Септември“, долг 43,5 метри, кој ќе го премости булевар „Никола Карев“ и ќе ја поврзе кружната крстосница со турбо кружен тек, многу важна алка во целото решение.

Имено, досега изградбата се одвиваше во сложени услови поради густиот сообраќај и поради нерешени имотно-правни односи.

Но, процесите се деблокираат и динамиката конечно се забрзува.

Наскоро, овој сообраќаен јазол ќе донесе сериозно олеснување за илјадници граѓани - побрз проток, помал метеж и модерен приод кон Скопје“, објави тој. 



Слично

Поврзани вести