„УБАВ ПОМИН ВО ВАШИНГТОН ДОКТОРЕ, АМА ГРЕШКА СТЕ“ - Љупчо Зиков до министерот за здравство, Таравари
Новинарот и аналитичар Љупчо Зиков им забележува на нашите политичари што не отишле во Давос, туку на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Конкретно во својот пост на фејсбук му се обраќа на министерот за здравство, Арбен Таравари.
„Честитки за новиот претседател на САД, Доналд Трамп.
Не бре Арбен грешка …
Токму од денес во Давос (Швајцарија) се собрани 900 извршни директори и над 60 претседатели и премиери од цел свет на редовниот годишен Давос светски бизнис форум … Ќе се зборува за развојот на економијата и општествата во светлото на вештачката интелегенција…. Секако и за светот од утре со Доналд Трамп.
Пошто се реферирате цело време на Вучиќ … е тој е таму … И пошто Орбан ви е „братучед“, е и тој е таму колку за ваша информација …
Поздрав голем …. Инаку на Dupont Circle имате добро американ филтер кафе во Starbucks … На добар jazz можете да налетате во George town … Леп провод докторе …“, напиша Зиков на свој пост на социјалната мрежа фејсбук.
Слично
