Економија, финансии, бизнис

Контакт

УАСПЕНИ ДВЕ ЛИЦА КОИ ИЗВРШИЈА ГРАБЕЖ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК - се вклучи и интервентната полиција

УАСПЕНИ ДВЕ ЛИЦА КОИ ИЗВРШИЈА ГРАБЕЖ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК - се вклучи и интервентната полиција

Уапсени се две лица кои вооружени ограбиле продавница за бела техника во градскиот парк во Скопје. Како што јавува Министерството за внатрешни работи, грабежот се случил вечерва, а ограбувачите се уапсени веднаш по грабежот. 

- Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вечерва лишија од слобода две лица кои малку пред тоа извршиле разбојништво во продажен објект во Градскиот парк во Скопје.

Од МВР информираат дека, веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителите се лишени од слобода и во содејство со ОЈО ќе биде поднесена соодветна пријава - стои во соопштението на МВР. 

Неофицијално, при грабежот во продавницата биле затекнати и муштерии кои поради немилиот настан се нашле во незавидна позиција. 

Ограбувачите им забраниле да излегуваат и на вработените и на муштериите, а дополнително се заканиле дека ќе ги убијат сите ако повикаат полиција. 

Грабежот се случил околу 20.30 минути, а ограбена е продавницата „Нептун“ во Градскиот парк. 

Слично

Поврзани вести