Економија, финансии, бизнис

Контакт

УАПСЕНА ИЗМАМНИЧКА ОД БУГАРИЈА: Лажела жени дека нивните ќерки направиле сообраќајка и барала пари за докторите

УАПСЕНА ИЗМАМНИЧКА ОД БУГАРИЈА: Лажела жени дека нивните ќерки направиле сообраќајка и барала пари за докторите

Повозрасна жителка на соседна Бугарија е уапсена поради сомнение дека измамила две жени од Македонија и им одзела одредена сума на пари. 

Како што соопштува МВР, случаите за кои се терети жената од Бугарија се случиле на крајот на ноември и на почетокот на декември. 

Од таму посочуваат дека Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ – Сектор за општ и насилен криминал во соработка со СВР Куманово, СВР Скопје и ОВР Свети Николе расчисти две кривични дела „измама“ извршени на 29.11.2023 и 10.12.2023 врз две жени од Куманово и Свети Николе. 

Од МВР најавија дека ќе поднесат кривична пријава против В.Е.И.(58) од Република Бугарија поради сомнение дека ги извршила делата. 

- Осомничената ги сторила делата на тој начин што се јавувала кај оштетените и им кажувала дека нивните ќерки предизвикале сообраќајни несреќи и дека се наоѓаат во тешка состојба и затоа требало да дадат одредена сума на пари на лекар за да им бидат извршени хируршки интервенции. 

На 03.01.2024 во 18.45 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, полициски службеници ја лишиле од слобода В.Е.И., по што била пренесена во СВР Куманово, каде што бил извршен службен разговор со неа - соопштуваат од МВР.

Слично

Поврзани вести