Уапсено уште едно лице за нередите на „крвавиот четврток“
Вечерва уште еден уапсен за собраниските настани од 27 април дознава телевизија 24 од извори во истрагата.
Станува збор едно од лицата за кое утринава МВР побара информации од јавноста – да се помогне во нивното пронаоѓање. Најверојатно се работи за дело кое не е поврзано директно со обидот за убиство врз пратеникот Зијадин Села, туку за друго кривично дело. Од МВР велат дека не соопштуваат информации бидејќи истрагата е во тек.
Утрото пак беа приведени пет лица за нападот на пратеникот Села.
Слично
