Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсено уште едно лице, го криел пиштолот на Палчо со кој се егзекутирани Вања и Панче

Уапсено уште едно лице, го криел пиштолот на Палчо со кој се егзекутирани Вања и Панче

Од Обвинителството денес за медиумите потврдија дека е уапсено уште едно лице кое му помагало на Љупчо Палевски да го сокрие пиштолот со кој ги егзекутирал Вања Ѓорчевска и Панче Жежов.
„Да, лицето е лишено од слобода по наредба на јавен обвинител. Се преземаат и други дејствија“, потврдија од Обвинителството.

Ваквиот потег следува откако обвинетиот Велибор Манев во денешниот завршен збор рече дека му било кажано да го предаде пиштолот на човек вработен во Народна банка, припадник на политичката партија „Десна“.

„Бидејќи ме нарече лажго и сака да ми натовари вина дека јас сум ги убил Вања и Панче, еве ќе кажам дека лично тој ми се јави од турска граница и ми рече да му се јавам на З. Д. од Народна банка, член на Десна. По израз на Палевски, ми рече да му се јавам на З. Д. ‘пакетот’ да го отстрани откај него, да го фрли и уништи. Да не може да се најде. После тоа морав да го известам дека сум се јавил и сум пренел порака. Лажев за него, иако го има на камерите“, кажа Манев за ранецот со оружјето, што во разговор со тогаш избеганиот Палевски го нарекувале пакет.



Слично

Поврзани вести