Економија, финансии, бизнис

Контакт

УАПСЕНО ЛИЦЕТО КОЕ НАПАДНА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА ВО СТРУГА - жител на Велешта зад решетки, еве зошто ја тепал

УАПСЕНО ЛИЦЕТО КОЕ НАПАДНА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА ВО СТРУГА - жител на Велешта зад решетки, еве зошто ја тепал

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 52-годишен жител на Велешта за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност.

- Осомничениот на 29 февруари физички нападнал медицинска сестра на Одделот за хирургија при ЈЗУ Општа болница Струга која побарала од него да ја изгаси цигарата. Агресивно се однесувал кон неа и ја навредувал, а потоа со нога ја удрил во стомакот по што избегал - појаснуваат од ОЈО.

Додаваат дека лицето било пронајдено и лишено од слобода следниот ден. 

- Со оглед на тоа што ваквото однесување на осомничениот ја потврдува опасноста тој да се даде повторно во бегство за да го избегне кривичниот прогон, а и поради опасноста тој да го повтори делото и да ја нападне медицинската сестра, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор - потенцираат од обвинителство. 

Слично

Поврзани вести