Уапсените службеници од Општина Тетово добија куќен притвор
Службениците од Општина Тетово кои беа уапсени добија куќен притвор, а за едно лице има мерки за претпазливост.
Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје на четири лица им определи мерка куќен притвор, а на едно лице мерки на претпазливост за злоупотреба на службена положба и овластување во врска со противправна легализација на градежно земјиште во Тетово.
-Во Основниот кривичен суд Скопје, пред судија на претходна постапка, денеска, беа спроведени пет лица опфатени во предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против шест лица и мерки за претпазливост против две други лица, информираат од Судот.
Надлежен обвинител при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе – наредба за спроведување на истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”, за противправна легализација на градежно земјиште со површина од 4.410 метри квадратни во Тетово, нанесувајќи штета на Буџетот на РСМ во висина од околу 860 илјади евра.МВР нема официјална информација дека дефинитивно првоосомничениот инаку член на Судскиот совет Зоран Теофиловски е недостапен за органите на прогонот.
