Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсени татко и син од Богордица за тргување со марихуана

Уапсени татко и син од Богордица за тргување со марихуана

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе истрага против татко и син од гевгелиското село Богородица за тргување со марихуана.

При претрес со судска наредба во домот на осомничениот татко на 17 декември биле откриени околу 150 грама марихуана во разни пакувања, семки од канабис, метални и пластични грендери, две дигитални ваги, три бонга, како и шатор со електрична инсталација, светилки, ламби и мерачи на температура кои служеле за претходно производство на наркотична дрога-марихуана.

Осомничениот син, пак, посредувал во купопродажбата на марихуаната. Дрогата која ја зел од неговиот татко со намера да ја препродаде, ја однел во куќата на дедо му каде престојувал. Кога полициските службеници отишле и таму да вршат претрес, тој ја заклучил влезната врата, наркотичната дрога ја фрлил во ВЦ шолјата и пуштил вода, а се обидел да се ослободи и од дигитална вага со остатоци од дрога.

До судот поднесен е предллог за определување мерка куќен притвор и привремено одземање на патните исправи.


Слично

Поврзани вести