Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсени словачки навивачи, се тепале во авион на скопскиот аеродром

Уапсени словачки навивачи, се тепале во авион на скопскиот аеродром

МВР претпладнево објави дека е приведен навивач од Словачка, а на 10 други не им бил дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањето на скопскиот аеродром.

- На 10.12.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север е пријавено дека во воздухоплов кој пристигнал од Словачка, повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот и по слетувањето не ги почитувале правилата, агресивно се однесувале и ги вознемирувале останатите патници и екипажот, објави полицијата.

Полициски службеници веднаш пристигнале на местото и по преземени мерки го привеле Л.Т.(38) од Словачка, а на 10 други лица, исто така, од Словачка, не им беше дозволен влез во државата од безбедносни причини. По целосно документирање на случајот, против Л.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.


Слично

Поврзани вести