УАПСЕНИ СЕ УШТЕ ДВЕ ЛИЦА: Подметнувале пожар
При вршење на патрола на патот помеѓу Кадино и Миладиновци, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје попладнево забележале црн чад, при што затекнати се две лица кои запалиле кабли во близина на сува трева и ѓубре (дива депонија). Со брза реакција пожарот е спречен да се прошири и истиот е изгаснат. Утврдено е дека станува збор за лицето И.Б.(39) од Куманово и А.Б.(31).
Вчера тројца малолетници се фатени како подметнале пожар, се работи за странски државјани.
фото МВР
Слично
