УАПСЕНИ СЕ ДЕСЕТИНА ПОЛИЦАЈЦИ ОД ЗЕМЈАВА - голема полициска акција за фалсификување лични документи
Уапсени се десетина полицајци од земјава. Тоа се случило во голема полициска акција, според информации од МВР, а уапсените полициски службеници биле дел од ланец за фалсификување на патни исправи и лични документи, јавуваат повеќе медиуми од земјава.
Високи извори од МВР брифирале дека акцијата се спроведува по повеќе од една година истрага и документирање на работата на криминалната група.
Покрај МВР во акцијата се вклучени и Канцеларијата за истраги на американската амбасада и Интерпол.
Според истите извори, вчерашниот брифинг од опозицијата бил во насока да се саботира оваа меѓународна акција. Акцијата е во тек, а од МВР детали најавуваат по нејзиното завршување.
Инаку, станува збор за полииски службеници кои биле вработени во управите за издавање на лични документи и патни исправи.
Како што е познато, ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение во кое наведе дека премиерот Зоран Заев и министерот за внатешни работи Оливер Спасовски овозможиле балкански нарко – босови да се стекнат со македонски пасоши и документи.
Според опозициската партија полициската апаратура издала патни исправи со лажен идентитет во таканаречената афера „Мафија“ за водачот на озлогласениот Шкаљарски клан за трговија со дрога, Јован Вукотиќ и водачот на турската мафија Седат Пекер.
