Економија, финансии, бизнис

Контакт

УАПСЕНИ СЕ ЧЕТИРИ ЛИЦА ВО СТРУГА И ВО ГОСТИВАР: Станува збор за терористички организации

УАПСЕНИ СЕ ЧЕТИРИ ЛИЦА ВО СТРУГА И ВО ГОСТИВАР:  Станува збор за терористички организации

Полицијата утрово уапси четири лица во Струга и Гостивар, и тие се осомничени дека планираат настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста на Македонија. 

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека се постапувало по наредба од страна на Обвинителството за гонење организиран криминал и висока корупција.  Постапено е, и по наредба на судија на претходна постапка и извршени се претреси на повеќе локации. Според него, постојат основани сомненија и полицијата поднела кривична пријава.

„Станува збор за терористички организации, четири лица кои се лишени од слобода. Тие, во соработка со лица кои не се на територијата на Македонија, подолг временски период се следат од страна на надлежните безбедносни органи и во соработка со меѓународните пријатели е координирано постапено. Имаме доста докази во насока на поткрепено основано сомнение дека овие лица постапувале во насока да организираат во иднина одредени несакани настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста како на Македонија, така и на други држави. Нивната цел била да индоктринираат останати луѓе од Балканот кои би можеле да делуваат соодветно во насока на реализација на нивните цели“, рече Тошковски.

Во текот на денов лицата кои се македонски државјани, ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка и ќе следат соодветни постапки.

Кривичното дело за кое е поднесена пријава е терористичка организација, а во однос на мотивите има основани сомненија дека се поврзани со одредени групации кои се во поддршка на одредени екстремистички и религиозни групи. 

Слично

Поврзани вести