УАПСЕНИ СЕ ЧЕТИРИ ЛИЦА: Пријавил дека исчезнала жената со која живеел, a потоа дека ја нашол мртва кај Летевци
Полицијата уапси маж од скопско поради сомнение за сторено кривично дело „убиство”, а во врска со случајот лишени од слобода се уште три лица.
На 28 месецов во 01:20 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Г.(51) со престојувалиште во селото Таор, скопско, поради постоење основи на сомнение дека ја убил Ж.Г.(48). На 26 јуни 2026 година, С.Г. пријавил во полициска станица дека од домот се оддалечила Ж.Г., со која живееле во иста куќа, а на 27 јуни 2026 пријавил дека ја пронашол почината Ж.Г. во близина на с.Летевци, скопско.
На местото излегле полициски службеници и јавен обвинител, по што телото кое било во фаза на распаѓање, по наредба на јавен обвинител е предадено на судска медицина за обдукција. Со С.Г. е извршен службен разговор и тој е лишен од слобода, а во врска со случајот лишени се од слобода и З.М.(62), Г.Б.(64) и М.Д.(69). Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
