Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсени се 15 лица од Гостивар и околината кои учествувале во групна тепачка

Уапсени се 15 лица од Гостивар и околината кои учествувале во групна тепачка

Петнаесет лица се соочуваат со пријави за учество во тепачка. 

Петнасетина лица од Гостивар и околните села за два дена се уапсени поради учество во масовна тепачка која се случи во средата навечер на улица во градот. Службеници од Полициската станица Гостивар, вчера уапсиле уште девет лица. Дел од нив ќе се соочат со кривични пријави за насилство и поттикнување и поладнево ќе бидат предадени на јавен обвинител, информираат од СВР Тетово.

„Вчеравечер (11 август) околу 22 часот и 30 минути, лишени од слобода се: Џ.А.(44), Т.А.(48), Х.А.(42), Б.А.(39), Л.А.(55), Н.А.(50), С.А.(52), Б.А.(25) и Д.А.(46), сите од гостиварко Ѓурѓевиште. За нив постои сомнение дека учестувале во завчерашната групна физичка пресметка во и околу угостителски објект на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар“, наведуваат од СВР Тетово.

Поводот за тепачката се недоразбирања меѓу перосналот и гости околу држењето ред и услужувањето во угостителски објект за брза храна. Потоа поголема група на роднини дошле пред објектот и започнала расправија. Благодарение на брзата интервенција на полицијата бил спречен потежок инцидент. Притоа, полициски службеник испукал предупредувачки куршум во воздух.

Истата вечер, полицијата ги уапси и одведе во полициската станица Б.А.(25) од Дебреше, Д.А.(46) од Ѓурѓевиште, Е.А.(27) и Ф.А.(53) од Топлица, 34-годишниот Р.М. од Гостивар и тројца малолетници од Дебреше и Ѓурѓевиште. За нив е утврдено дека го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во и пред угостителски објект кој при пресметката е и оштетен. 

Слично

Поврзани вести