Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсени пет лица кои врзаа чувар и ограбија половина тон канабис

Уапсени пет лица кои врзаа чувар и ограбија половина тон канабис

МВР објави дека е расчистено разбојништвото во фабриката за производство на канабис во Чегране со апсење на пет лица, откако на 26 ноември беше врзан чуварот на имотот и украдени повеќе од половина тон марихуана за медицински цели.

„Завчера и вчера (26.12 и 27.12.2023) полициските службеници лишија од слобода пет лица, а Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“ против; Н.И.(39) од Дебар, Н.Р.(29) и Г.С.(36) од Струга и гостиварците Р.Б.(32) и Г.Б.(18)“, извести полицијата.

Уапсените се сомничат дека на 26-ти минатиот месец околу 22 часот и 30 минути физички го нападнале вработениот во обезбедувањето на фабриката во Чегране, а потоа заканувајќи му се со огнено оружје го врзале, по што од просториите на правното лице одзеле 44 вреќи со вкупно 552, 85 килограми канабис.

Јавното обвинителство дополнително објави дека Основниот суд во Гостивар го прифати предлогот и им определи притворска мерка.


Слично

Поврзани вести