Уапсени крадците што украдоа велосипед пред теретана во Скопје - ќе добијат и кривична пријава (Видео)
Откако вчера на социјалните мрежи се шеруваше снимка од две млади лица како крадат велосипед пред теретана во Скопје, утрово Министерството за внатрешни работи објави дека кратците се лишени од слобода, велосипедот е вратен на сопственикот, а ќе следува и кривична пријава.
- На 13.05.2026 полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.Х. (22) и М.И. (22) од с.Сарај, скопско, постапувајќи по пријава од А.С. на 12.05.2026 дека пред теретана во Скопје му бил одземен велосипед.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници, сторителите се идентификувани и приведени во полициска станица, а велосипедот е вратен на сопственикот.
По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава - се посочува во објавата на МВР.
