Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсени две лица за кражба во маркет во Стар Дојран

Уапсени две лица за кражба во маркет во Стар Дојран

МВР извести дека лишени од слобода се крадци во Стар Дојран, кои одзеле пари од каса на маркет.

- На 18.07.2026 во 17:15 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија ги лишија од слобода Х.М.(21) и 17-годишен малолетник од Скопје. Тие истиот ден од каса на маркет во Стар Дојран одзеле пари, кои се пронајдени кај нив и одземени, информира полицијата.
Известени се јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и Центарот за социјални работи Гевгелија и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.


Слично

Поврзани вести