Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсени две лица со ловечки пушки

Уапсени две лица со ловечки пушки

МВР информира дека лишени се од слобода две лица од скопско, при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени ловечки пушки

- На 12.06.2026 во 23:45 часот на патот помеѓу с.Шишево и с.Грчец на подрачјето на општина Сарај, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода Н.С.(54) од с.Сарај и Р.С.(58) од с.Крушопек. При извршен преглед на патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Р.С., а сопатник бил Н.С., во возилото биле пронајдени и одземени две ловечки пушки „Бајкал“, калибар 12 мм, 22 ловечки патрони и други предмети,  објави полицијата.

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок


Слично

Поврзани вести