Уапсени две лица од Трубарево за предизвикување пожар
МВР објави дека се лишени од слобода две лица од скопско Трубарево за „предизвикување општа опасност“ во Аеродром.
- На 28.09.2025 во 12:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Аеродром ги лишија од слобода Т.М.(23) и И.М.(26), двајцата од с.Трубарево, скопско. Претходно, вработен во општина Аеродром пријави дека во парк на бул.„Февруарски поход“ две лица палеле кабли, а откако полициските службеници излегле на местото ги пронајдоа и лишија од слобода двајцата, информира полицијата.
Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Слично
