Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсени две лица - спречен терористички напад

Уапсени две лица - спречен терористички напад

Полицијата минатата недела уапсила две лица за кои постоеле разузнавачки информации дека се вмешани во подготвување терористички напади во Македонија. 

Направени се два претреси во Скопје и во селото Арачиново каде е уапсен едниот од осомничените. Се работи за 24-годишен жител на селото. Вториот од осомничените е уапсен вчера на Косово, откако македонската полиција во соработка со партнерските служби добила информации дека тој се крие таму. Директорот на БЈБ, Митко Чавков денеска соопшти дека оваа акција е дел од регионалната антитерористичка операција во која се вклучени македонските, албанските и косовските служби.

„При извршените претреси пронајдени се мобилни телефони со СИМ-картички, фотоапарати со микрокартички, метален боксирач, регистарски ознаки, куршум, комјутерски куќишта, таблет, УСБ и разна документација“ – вели Чавков.

Тој не соопшти детали какви напади планирале. 

Против жителот на Арачиново  е поднесена кривична пријава за тероризам, а судија на претходна постапка му одредил 30-дневен притвор.

За другото лице, кое е на Косово, ќе биде побарана меѓународна правна помош.

Албанската и косовската полиција во понеделникот соопштија дека во координираната антитерористичка операција се уапсени вкупно 11 лица, четири во Албанија и седум на Косово.



Слично

Поврзани вести