Уапсени двајца скопјани за кражба на златен ланец
Двајца скопјани се уапсени за „тешка кражба на дрзок начин“ и „насилство“, поради кражба на златен ланец. Веднаш ќе бидат изведени пред судија, затоа што оштетениот ги препознал.
- На 07.08.2025 полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје ги лишија од слобода Г.К.(39) и Р.М. (41), двајцата од Скопје затоа што на 03.08.2025 во Скопје, на територија на Гази Баба, од Д.Л. со употреба на сила одзеле златен ланец.
По преземени мерки од страна на полициските службеници, Г.К. и Р.М. се лишени од слобода, извршено е препознавање од страна на оштетениот и против нив, во координација со ОЈО Скопје, е поднесена кривична пријава по брза постапка поради сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“ и „насилство“ и ќе бидат изведени пред надлежен судија, објави МВР.
