Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсени двајца шалтерски работници на Град Скопје

Уапсени двајца шалтерски работници на Град Скопје

Двајца шалтерски работници на Град Скопје се уапсени утринава од страна на полицијата. Станува збор за лицата Ј.С. и Е.С од одделението за даноци на Град Скопје во добропознатата „барака 16“ каде што се работи со прием на странки.

Приведените се осомничени за злоупотреба на служебна должност и за компјутерски фалсификат и компјутерска измама.

Осомничени се дека правеле измама на тој начин што на странките им наплаќале помала сума на данок отколку што им е стигнато во решенијата, а во системот внесувале дека ја наплатиле целосната сума од решенијата и со тоа го оштетиле буџетот на Град Скопје.

Полицијата ја одзеде компјутерската опрема на која се работело, станува збор за најмалку десет случаи во кои е направена измама со данокот.



Слично

Поврзани вести