Уапсени двајца разбојници, нападнале жена на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје
Лишени од слобода се двајца крадци, веднаш откако на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје одзеле личен накит од скопјанка, информира МВР.
- На 11.04.2026 околу 15:30 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.М.(39) и А.С.(28), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од 74-годишна жена од Скопје, дека околу 13:05 часот на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, со употреба на физичка сила и го одзеле накитот што го носела, наведе полицијата.
Одземеното е пронајдено и ќе биде вратено на сопственичката, а по целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
Слично
