УАПСЕНИ ДВАЈЦА ПИРОМАНИ - тинејџер од Кавадарци и жител на Бегниште се теретат дека го предизвикале пожарот на Тиквешко езеро
Две лица се приведени поради сомнеж дека предизвикале пожар кај месноста Блато во близина на Тиквешко езеро, соопштува Министерството за внатрешни работи. Станува збор за тинејџер од Кавадарци и 33 годишен жител од Бегниште, Кавадаречко.
- Вчера (29.08.) во 19:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, по преземени оперативни мерки и активности ги лишиле од слобода З.К.(33) Бегниште, кавадаречко и И.И.(19) од Кавадарци, а поради сомнение дека тие предизвикале пожар на сува трева, трња и ниско стеблеста шума кај месноста викана Блато на Тиквешко езеро, во атарот на село Куманичево, кавадаречко - се појаснува во извештајот на МВР.
Притоа потенцираат дека повредени лица нема, а пожарот бил изгасен со вклучување на авиони од Дирекција за заштита и спасување, возила на интервентна пожарна бригада при ДЗС и територијална против пожарна единица Кавадарци.
Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, и се работи на целосно расчистување на случајот.
Фото: Архива/Фејсбук
Слично
