Економија, финансии, бизнис

Контакт

УАПСЕНИ ДВАЈЦА МАЖИ КОИ ГИ НАПАДНАЛЕ СОПРУГИТЕ - нови случаи на семејно насилство

УАПСЕНИ ДВАЈЦА МАЖИ КОИ ГИ НАПАДНАЛЕ СОПРУГИТЕ - нови случаи на семејно насилство

Во текот на изминатотот деноноќие, две лица се лишени од слобода, во вкупно четири пријави за семејно насилство.

Во едниот случај, уапсен е маж од Скопје, бидејќи претходно ја нападнал вонбрачната партнерка, 

- На 17.05.2026 во 04:00 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена од Скопје пријави дека на 13.05.2026 околу 12:00 часот во семејниот дом на подрачје на Центар, таа и нивните две деца, биле физички нападнати од нејзиниот вонбрачен партнер Ш.Г.(32) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - се посочува во објавата на МВР. 

Во друг случај, тинејџер внук, веќе подолг период ги малтретирал своите баба и дедо и им барал пари, проследено со закани. Овој случај поцијата го истражува. 

- На 16.05.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје, 66-годишна жена од Скопје пријави дека подолг период таа и нејзиниот сопруг биле малтретирани од нивниот 19-годишен внук М.Т., кој им барал пари и им упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - се наведува во објавата. 

Уапсен е и жител на Радовиш кој ја нападнал својата партнерка.

- На 16.05.2026 во 16:25 во радовишко село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 51-годишен жител на тоа село. Според пријавеното, тој околу 15:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 40-годишна вонбрачна сопруга. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава - се појаснува во објавата. .

Во Струмица пак добиена е пријава заради семејно насилство, во кое брат го напрандал својот барт.

- На 16.05.2026 во 04:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 31-годишен жител на струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 04:00 часот во Струмица физички го нападнал неговиот брат. Тој е задржан во Полициската станица Струмица, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава - се посочува во објавата. 


Слично

Поврзани вести