Економија, финансии, бизнис

Контакт

УАПСЕНИ ДВАЈЦА ЛИХВАРИ ОД ШТИП - давале заеми на социјални случаи со несразмерно високи камати

УАПСЕНИ ДВАЈЦА ЛИХВАРИ ОД ШТИП - давале заеми на социјални случаи со несразмерно високи камати

Уапсени се двајца лихвари од Штип. Тие давале заеми на социјално загрозени семејства, наплатувајќи им за тоа енормно високи камати.

За ова информираше Министерството за внатрешни работи.

„На 02.12.2021, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Штип ги лишиле од слобода Е.Ј.(39) и С.Ј.(45), од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ казниво по член 260 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението од МВР.

Овие двајца штипјани се сомничат дека давале пари на заем со писмени и усни договори, и притоа за себе договарале несразмерно високи камати. 

„Кај нив биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело - пари, банкарски картички, лични документи на оштетени граѓани и две тетратки во кои биле евидентирани заеми дадени по енормно високи камати на лица од социјално загрозени семејства, корисници на социјална помош и останати социјални додатоци. Се работи на целосно документирање на случајот, по што против Е.Ј. и С.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението од Полицијата.

Слично

Поврзани вести