Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсени четворица разбојници, се заканувале со нож и одземале пари кај фонтаната во Градски парк - Скопје

Уапсени четворица разбојници, се заканувале со нож и одземале пари кај фонтаната во Градски парк - Скопје

МВР објави дека се лишени од слобода четворица разбојници во Скопје веднаш по добиената пријава дека во Градскиот парк одзеле пари од малолетници.

- На 11.04.2026 околу 21 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А. (20), Н.Д.(40) и двајца малолетници од Скопје поради извршени кривични дела „разбојништво“ во близина на фонтаната во Градскиот парк во Скопје, каде со закана со нож одзеле пари од неколку малолетници, информира полицијата.

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителите се приведени во полициска станица Центар, а по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.


Слично

Поврзани вести