Уапсени четири лица во Струмица за палење на џипот на полициски инспектор
МВР извести дека лишени се од слобода четири лица од Струмица и струмичко осомничени дека го подметнале пожарот во возилото „ланд ровер“ во Струмица.
Претходно полицијата извести дека возилото му припаѓало на поранешен полициски инспектор, а при пожарот беа зафатени уште два автомобили. Возилата биле паркирани на паркинг-простор пред зграда на улицата „Браќа Миладинови“ во Струмица. Пожарот беше изгаснат од Територијалната противпожарна единица Струмица.
- На 21.02.2026 и 22.02.2026 полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода Д.Г.(19) од село Секирник, струмичко, Р.П.(38) од село Владевци, струмичко, А.Т.(26) од село Еднокуќево, струмичко и К.Г.(19) од Струмица поради сомнение дека се можни сторители на кривично дело поврзано со настанатиот пожар на паркирано возило „ланд ровер“, пријавено во Струмица.
На 22.02.2026, врз основа на судски наредби, извршени се претреси во домовите на Р.П., А.Т. и К.Г., при што во домот на Р.П. се пронајдени остатоци од марихуана, во домот на А.Т. е пронајдена кафеава грутчеста материја за која изјавил дека е хашиш, а во домот на К.Г. се пронајдени делови од облека за кои постои сомнение дека ги носел при извршување на кривичното дело.
За преземените мерки е запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на настаните следува соодветна пријава,соопшти МВР.
Слично
