Уапсени албански државјани со ножеви во Аеродром
Синоќа двајца албански државјани биле уапсени на територијата на Општина Аеродром откако полиција кај нив пронашла ножеви, соопшти МВР.
„Вчеравечер во 21:30 часот на подрачјето на Аеродром од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле приведени 28-годишниот М.Н. и 38-годишниот А.Д. двајцата од Република Албанија, затоа што кај нив биле пронајдени два ножа, со што сториле прекршок од Законот за оружје“, информира МВР.
По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Слично
